Телеграф: Маж уринира на спомен обележје за време на протестите во Лондон

Британскиот Telegraph објави насловна фотографија со текст од денешните протести на десничарите во Лондон, во кој централна фигура е еден човек кој е сликан како уринира на спомен-обележјето посветено на Кит Палмер.

За време на протестите против спомениците од колонијалниот период на Велика Британија, се разгореа тензиите меѓу полицијата и екстремно десничарските групи.

Полицијата вети дека ќе ги заштити статуите и спомен-обележјата во главниот град, откако минатиот викенд на протестот „Блек лајвс Матерс“ ја најдоа статуата на Едвард Колстон, срушена и фрлена во пристаништето.

Полицискиот офицер Палмер беше убиен додека го заштитуваше Парламентот од терористички напад на 22 март 2017 година.

Сликите покажуваат дека непознат човек се олеснил веднаш до плакетата посветена на полицаецот Палмер, која била поставена пред палатата Вестминстер, минатиот февруари.