Телото на грчкиот амбасадор во Бразил пронајдено во запален автомобил?

Полицијата во Рио де Жанеиро пронајде тело во запален автомобил што бил изнајмен од грчкиот амбасадор во Бразил, Киријакос Амиридис кој исчезнал пред три дена.
Амбасадорот Амиридис (59) го изнајмил тој автомобил, а исчезнал пред три дена кога од Бразил тргнал да ги прослави новогодишните празници на плажата Копакабана.
Последен амбасадорот бил виден во предградието на Рио, каде што било пронајдено возилото, наведува BBC и додава дека во тек е утврдување на идентитетот на пронајденото тело.
Полицијата наведува дека е малку веројатно грчкиот амбасадор да бил киднапиран бидејќи не е побаран откуп.
Во Рио степенот на криминалитет е висок и насилни инциденти се честа појава, особено во периодот меѓу Божик и Нова година, кога градот го посетуваат стотици илјади луѓе.
Амиридис беше именуван за амбасадор во Бразил оваа година. Од 2011 до 2014 година бил генерален конзул на Грција во Рио. крај/мф/вс

Макфакс