Министерството за внатрешни работи, врз основа на претходно спроведена јавна набавка согласно законските прописи, обезбеди вкупно 464 машки и 39 комплети женска цивилна облека за припадниците на овој Оддел. Единечната цена на машките комплети (палто и пантолони), и на женските комплети (едно палто, пантолони и здолниште) изнесува по 6.560 денари без вклучен ДДВ, односно севкупно 3.299.680 денари без ДДВ.

 

 

Целта на нашето работење е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во министертството. Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење. Пред нас како министерство престојат уште многу задачи за решавање, уште многу активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на стручното, организационото и системско унапредување на работата на Министерството. Имаме јасна визија и продолжуваме со нејзина реализација.

Заштитата на граѓаните ни е врвен приоритет, и во таа насока беа спроведени и засилени сообраќајни акциски контроли во текот на викендов на подрачјето на главниот град Министерството за внатрешни работи. Беа извршени вкупно  2.335 проверки на возила и возачи по однос на почитување на сообраќајните правила и прописи.

Притоа, кај 480 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта и тие се исклучени од сообраќај, а истовремено евидентирани се и 454 други сообраќајни прекршоци за што се издадени соодветни санкции.

Во тој контекст сакам да ве информирам дека Министерството за внатрешни работи дополнително, од сопствени буџетски средства, набави осумдесет нови дрегери за алкотестирање по единечна цена од 55 илјади денари без ДДВ, 30 радари за контрола на брзината на возење по единечна цена од 340.000 денари без ДДВ, како и 30 фотоапарати со надворешен блиц и додатна опрема за потребата на сообраќајните увидни екипи по единечна цена 59.355 денари без ДДВ.

Со набавката на оваа опрема полициските службеници ќе можат поефикасно и професионално да ја извршуваат својата задача и да ја гарантираме безбедноста на сите учесници во сообраќајот.