Не престануваат анализите на секој детал од фотографиите, снимките, изразите на лице, мимиките, насмевките, покретите на новиот американски претседател Доналд Трамп и неговото семејство. Она што последните 24 часа го привлекува вниманието на јавноста , особено на социјалните мрежи  е еден иод телохранителите на Трампови, кој не се одвојуваше од нив. Но, корисниците на социјалните мрежи останаа вчудовидени од сознанието дека десната рака му е вештачка, односном протетичка. Неприродната поставеност на таа рака ги довела до заклучок тие што го открија деталот, дека вистинската рака му е под капутот, најверојатно со прстот на орозот од пиштолот.

Ако се загледа подобро фотографијата, ќе се види дека неговата десна страна е поширока од левата, што исто така доведува до заклучок дека раката му е под капутот подготвена да реагира молневито со оружјето ако затреба.

Сепак, финтата со протетичка рака делува малку наивно, филмски и холивудски, па има коментари дека Трампови се повеќе заличуваат на Кардишијанови.

АКО.мк