Тело на жена пронајдено во црна вреќа

Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп. По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена, соопштуваат од МВР.

Црната вреќа со телото го пронашол вработен во Комунална хигиена, кој потоа случајот го пријавил во полиција. Истрагата работи на идентификација на мртвата жена и причините за смртта.

Фото: илустрација