Тендер за уривање на дивоградбата пред ,,Мавровка“ откако никој не виде и не слушна дека се гради

Порталот мкд.мк објави дека Општина Чаир распишала тендер за уривање на дивоградбата пред трговскиот центар ,,Мавровка“

Работни активности за уривање на дивоградби е насловот на тендерот вреден повеќе од еден милион денари што го распиша општина Центар. Овластени лица од општината појаснуваат дека се работи за тендер за избор на компанија за уривање на илегалниот објект изграден на терасата на кафулето „Фонтана“ кај ТЦ Мавровка. Но, избраната компанија ќе се користи за уривање и на други дивоградби, појаснуваат од општината, пишува mkd.mk

Во време на полициски час поради Ковид 19, претходното кафуле доградено со летна тераса се запали и изгоре во пожар. Изминатите недели ,,некој“ почна да гради цврст објект дивоградба пред ,,Мавровка“, но никој не реаигарше.

Надлежните го бараа сопственикот ,,под дрво и камен“ и сѐ уште не знаат кој е и кој ја гради дивоградбата.

Сега, на сметка на граѓаните во напредна фаза од изградбата ќе ја уриваат со фирма која ќе се јави на тендер и за што ќе платат со народни пари, еден милион денари.