Организаторите на ,,Индијан Велс“ мастерс турнирот во Калифорнија, САД, го откажаа неговото одржување, како што велат, заради големиот ризик и ширењето на корона вирусот.

,,Премногу ќе се ризикува здравјето на населението ако се одржи толку голем турнир. Одржувањето на тенискиот турнир може да биде ризичен и за гледачите и за локалното население. Сите мора да се обидеме да ја заштитиме заедницата од корона вирусот и да помогнеме“ изјави директорот на турнирот, Дејвид Агус.

Овој турнир од мапата на АТП мастерс турнирите, требаше да започне во четврток.