Тенковите ја пробија линијата на отпор во Халеп

Прв пат по 4 години отпор и граѓанска војна во Сирија, тенковите на војската на Сирија ја пробија линијата на отпор на бунтовниците и опозициските сили во Халеп.

Како што известуваат светски медиуми, Русија како поддршка во Сирија ќе испрати ракетен систем С-300.

Од друга страна, хуманитарната криза добива невидени размери, болниците се преполни со ранети пациенти, а лекарите оперираат на под.За 15 дена откако пропадна договорот за прекин на борбени дејства, загинале 293 цивили.