Тепачка и искршен луксузен автомобил на паркинг во Струга

ФБ страницата VOX Струга, објави нецензурирана снимка од вознемирувачка тепачка меѓу неколку мажи на еден паркинг во Струга со неидентификуван број луѓе во луксузен автомобил, кои се обидуваа да избегаат пред толпата опремена со стапови.

Едно лице направи поголема штета врз автомобилот, чиј возач пак се обиде да се спаси налетувајќи кон нив со голема брзина.

На автомобилот му беа искршени задното стакло, предната десна врата, а имаше штета на дел од каросеријата.

Но, само неколку минути по објавата на снимката направена најверојатно од некој стан во близина или хотелска соба на која се слушаа женски гласови, таа беше отстранета од страницата ВОКС Струга.

За инцидентот сведочи само оваа фотографија која успеавме да ја направиме од видео снимката за тоа кусо време.

Во објавата на ВОКС Струга не беше наведена причината за тепачката која се случуваше пред вчудовидените минувачи.