Тетово, Скопје и Битола меѓу десетте најзагадени градови во Европа

Светската здравствена организација ги објави податоците за десет најзагадени градови во Европа. На ,,топ“ десет најзагадени на листата се наоѓаат дури три градови од Македонија и тоа првото место го држи Тетово, на трето место е Скопје , а на место број 9 Битола. Листата ја побјави британскиот Гардијан и потенцира дека на списокот не е Турција, а ако се земат предвид параметри за загаденост од оваа земја, дури 8 градови ќе бидат на овој список.

Податоците се однесуваат на последното шестмесечје.

 

(Десет најзагадени европски градови)