Технички проблем, а не хакерски напад

Технички проблем на провајдерот UNET кој во меѓувреме е отстранет, а не хакерски напад,како што утрината претпоставуваа некои сопственици на неколку портали, е причината за недостапност кон некои интернет страници.

Порталите Сакам да кажам, Либертас, Плусинфо, Локално, но и  инетрнет страниците на изданијата на МПМ, од утрината беа недостапни заради технички проблем во УНЕТ, кој е превајдер на сите овие портали и уште на неколку кои беа недостапни од утрината.

Антони Пешев, директорот на „Унет“ кој ги опслужува сите овие медиуми за агенцијата META  категорично тврди дека не се работи за никаков хакерски напад туку за класичен технички проблем.

– Проблемот се случил синоќа додека сообраќајот на порталите бил мал затоа и не се активирале заштитните механизми. Се работи за линковски проблем и некако не станува збор за сајбер-напад. Работиме на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе биде решен. Потенцирам дека не станува збор за никаков напад – изјави утрината Пешев.