Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, двајца повредени (фото галерија)

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што претпладне се случи на една од најфреквентните улици во Скопје. Две лица , возачот и неговиот сопатник, се тешко повредени и пренесени со Брза помош во Ургентен центар.

Сообраќајката  се случи на булеварот Илинден, кај фонтаната во Градскиот парк, на крајно невообичаен начин, а автомобилот „Сеат алтеа“, како што се гледа од фотографиите на АКО.мк, од силината на ударот се нашол на блискиот паркинг и го урнал светлосниот столб.

 

.