Тешка сообраќајна несреќа на возило полно со мигранти во Струмица

Рано утрината на излезот од Струмица кон Радовиш, кај кружниот тек, се случила тешка сообраќајна несреќа, известува Југоинфо. Како што пренесува порталот, до несреќата дошло кога возилото удрило во метален столб и целосно го откорнал. Возачот илегално превезувал илегални мигранти. Според очевидци, има повеќе повредени и еден настрадан, но се уште нема официјална потврда од полиција.