Тешко болно дете замина на лекување во Италија во придружба на директорот и медицински тим од болницата во Џенова

Специјален медицински тим од Институтот ,,Џанина Џаслини” од Џенова – Италија, денеска од Универзитетската клиника за детски болести изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика во болницата во Италија.

Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик, соопшти Детската клиника во Скопје.

Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница ,,Џанина Џаслини” и на одделението за интензивна нега, е лекарот кој ќе го носи детето во болницата во Италија.

Тој вели дека се радува што може да помогне и дека е воодушевен од професионалноста на македонските лекари од Клиниката за детски болести.

– Соработката е многу важна, да учиме едни од други, на крајот е денот децата се најважни, вели лекарот Москатели.

*фотографиите се објавени со одобрение на родителите