Тешко повредена бремена жена веднаш породена со царски рез

26 маж загина, а три лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи на патот Крушевац-Каоник во соседна Србија, меѓу автобус и патничко возило.

Во автомобилот се наоѓала жена во 9 месец од бременоста. Таа е тешко повредена, па лекарите во болницата во Крушевац веднаш ја породиле со царски рез.

Бебето е во добра сосотојба , а неговата мајка се бори за живот.

Возачот на автобусот е приведен, бидејќи не успеал да го спречи лизгањето низ коловозот и преминал на спротивната лента предизвикувајќи тешка сообраќајна несреќа.