Тешко повредена српска министерка во сообраќајна несреќа враќајќи се од митинг

Министерката во Влада на Србија, член на Социјалистичка партија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа враќајќи се од митинг во Врање на кој учествувал и премиерот Александар Вучиќ.

Како што известуваат српските медиуми, нејзиното ауди 6 е целосно уништено по сударот со камион, а Ѓукиќ Дејановиќ се здобила со потрес на мозокот и скршена клучна коска.

Автомобилот со кој се возела министерката бил во колоната со српскиот Премиер, па од истрагата наведуваат дека ќе се истражува дали се работи за саботажа или за случајно пукање на гумата од нејзиниот автомобил.