Тешко повреденото момче од струен удар ќе се транспортира со хеликоптер во странство

,, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство. Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита. Со дополнителни информации ќе излеземе за краток временски период. Замолуваме да не се шират дезинформации. Не се точни наводите дека министерот Филипче е отсутен и недостапен. Од рано утринава почнаа подготовките за да се испрати пациентот на понатамошно лекување“-објави ова министерство. Т

Момче на возраст од 20 до 25 години, вчера се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за кражба што се случила на железничката станица во Трубарево. Момчето со возило на итна помош било пренесено во болница.

Движејќи се по пруга, момчето се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа го погодило струја.

Момчето се здобило со висок степен на изгореници по телото.