Товарен брод управуван од хрватски капетан потона во Атлантикот

Товарен брод на француската компанија Bourbon Rhode, кој пловел под норвешко знаме, а бил управуван од хрватскиот капетан, Дино Мишкиќ, пред два дена потонал во Атлантскиот Океан.

Капетанот на бродот барал помош, бидејќи биле зафатени од силно невреме со огромни бранови, но пред да стасаат спасувачките екипи, бродот потонал.

Спасувачките екипи пронашле тројца живи членови на посадата, двајца Украинци и еден неидентификуван, кои исцрпени пловеле во чамец за спасување.

На бродот имало 14 морнари, меѓу нив и капетанот кој потекнува од Шибеник и чија судбина е се уште неизвесна.