Тодороска: Не се удирајте во гради со Ќосето, тој убивал по нарачка

Еднаш имав можност да се видам со две деца од УМС на ВМРО ДПМНЕ. Едниот од нив ми раскажа дека бил голем вљубеник во историјата и само по историја имал двојка во средно. И нормално за нив, почнаа да ми објаснуваат дека тие се ВМРО, дека до смрт ќе ја бранат Македонија од душмани, а натаму… Реторика која е несвојствена за деца од нивна возраст. И почнав да ги прашувам кои се основачите на ВМРО, кога била формирана Организацијата, каде е основана, кои се основните документи по кои работела Организацијата, кој ги напишал, кога биле прифатени. Прашања на кои ГОЛЕМ ПАТРИОТ и верник во идеологијата на ВМРО би требало со леснотија да одговори.

Сепак, најгорчливо им беше сознанието за тоа кој бил Ќосето, секако бидејќи и тоа не го знаеја. Но, затоа пак се бусаа во гради со еден крвник и платен колач кој работел за пари. Се разбравме, дека кој и да му плател, Ќосето беспоговорно ја исполнувал задачата. УБИВАЊЕТО на Ќосето му било РАБОТА. Исто така, се објаснивме дека споменикот на Ќосето е направен САМО и САМО заради зголемување на цената за лиење на споменици т.е. заради провизија.

Колку успеа часот по историја, не знам, бидејќи никогаш повеќе не сум ги видела тие млади момчиња.

Она што во овој случај е многу вознемирувачки е тоа што ваквата манифестација би требало да ја поддржи некој повозрасен и некој кој ќе го следи овој собир.
Не сакам ни да помислам дека за заштита на главата на неколкумина партиски главешини, ДПМНЕ ќе се дрзнат да ги трујат своите потомци со лажни херои кои живееле убивајќи по нарачка.

Останува прашањето дали доколку имавме НОРМАЛНИ институции ќе имавме и олку неуки млади луѓе?

проф.д-р Катерина Тодороска,  научен советник во Институт за национална историја

(реакција на најавата за собир во организација на УМС на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел, под наслов Некаде со добро, некаде со нож-илустрирано со споменикот на Ќосето)