Тодор Александров, Андон Ќосето и Пере Тошев воскреснаа во борба против Заев(видео)

Македонија на Македонците, ова е земја на Македонците нема да дозволиме Албанците да ја земат, да ја разбудиме свеста кај Македонците, се повиците и само дел од причините заради кои, како што велат организаторите, е формирано така нареченото Македонско патриотско здружение Пере Тошев. И тоа не е првото, туку такви ,,патриотски здруженија“ чија главна цел е борба против ,,најголемиот македонски предавник“ Зоран Заев, се формирани веќе во Велес со име Андон Ќосето и во Битола Тодор Александров. Здружените во овие здруженија се нарекуваат македонски родољуби и патриоти, а најавуваат формирање на уште и нивно обединување во заеднички конгрес.

Според извештајот емитуван на телевизија Сител, кај постарите прилепски ,,поборници за македонската кауза“, формирањето на МПЗ “Пере Тошев”, наишло на силно одобрување. Возрасниот соговорник(на 1мин и 10 сек) вели дека ова многу порано требало да биде, пред да не згазат Албанците и пред да не згази Заев. На оваа национална телевизија се емитувала изјава на лице кое тврди дека дедото на Зоран Заев бил грчки џандар, а таткото соработник на бугарските тајни служби.  И тоа тој го знаел, затоа што бил во Струмица и наводно го познавал семејството на Заев.

Ова здружение имало и трибина насловена како ,,Македонија на Македонците“, а прикажале и документарен филм за Пере Тошев. На 12 февруари, вечерва, УМС на ВМРО ДПМНЕ во Бутел со слоганот ,,Некаде со добро,некаде со нож“ проектираат документарен филм за Ќосето. Овие нималку наивни здруженија , кои само ни покажуваат во кој правец ќе се движи делувањето на ВМРО ДПМНЕ, ја враќаат Македонија во мрачните периоди кога Македонецот му бил непријател на Македонецот.

АКО.мк