Неверојатно, но вистинито. Рускиот војник Семен Мережњиков, на терен во Крим, го запали воениот транспортер БТР-82, вреден околу 400 илјади евра, кога се обидел близу до него да си го стопли ручекот.

Имено, тој ископал дупка пред транспортерот каде запалил оган, но пламенот го зафатил возилото и тоа целосно изгорело.

На видеото се слуша како му викаат на војникот ,,Стока невидена“, кога тој се обидува да објасни што се случило.

Но, смотаноста на овој војник не завршува тука. Тој исто така објаснувајќи му на надредениот офицер, со својата автоматска пушка го гаси со пламен зафатениот рачен лансер за гранати?!

По овој инцидент, војникот е казнет со шест месеци затвор во притворско одделение.