Торнадо во Оклахома уништи хотел и остави пустош зад себе

Краткотрајно , но ужасно силно торнадо, срамни еден хотел со земја во гратчето Ел Рино во Оклахома.

Како што јавуваат светските медиуми, гостите биле затечени на спиење и ниту еден од нив не успеал да излезе на време.

Најмалку две лица се загинати, а 17 се водат за исчезнати.

Спасувачки екипи трагаат по другите гости и ги пребаруваат урнатините.