Тотал, Табла, Тифани,Триста се новите истраги на СЈО

СЈО отвори 4 нови истраги во кои се осомничени 4 лица за кои се прибрани материјални докази за сериозни прекршувања закони.

,,Тотал“ е предмет во кој се истражуваат незаконските дејности на управител на правно лице кое се занимава  со маркетинг пропаганда и истражување јавно мислење. Правното лице е со име ,,Тотал“ од Скопје.

Во изминатите години за да се одбегнат даноци во книговодствените сметки давал лажни податоци  и го оштетил буџетот за 7 446 981 денари или 121 илјада евра, а осомничениот лично избегнал плаќање даноци за 63 илјади евра.

Доказниот материјал упатува на сознание дека ја намалил основицата за пресметка на данок, користејќи ги правните лица како параван и набавките за себе ги претставувал како набавки на правни лица.

Ваквите средства ги евидентирал како основни средства, намалувајќи ги основиците за данок. Од доказите произлегува дека осомничениот личните доходи не ги пријавил пред УЈП и ја одбегнал и по таа основа даночната обврска.

За да се види за што станува збор обвинителката Фатиме Фетаи кажа дека осомничениот купувал на пример  душеци во вредност од неколку илјади евра за еден душек,  или рачен часовник од 2 и пол илјади евра, мебел во износ од над 65 илјади евра. Одбегнал данок во износ од  120 000 евра, а лични обврски кон државата од 63000 евра.

,,Тифани“ е предмет кој  опфаќа дејства на едно кривично дело, од страна на управител на правно лице за дејности од областа на  комуникации -Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт и Смарт -груп.

Осомничената 2008 д 2014 одбегнувајќи даноци , давала лажни податоци за фактите со кои се утврдуваат даночни обврски. Државата е оштетена за  37000 евра, а таа лично со неплаќање обврски кон државата ја оштетила за 16924 евра.

Набавувала лични предмети, а ги третирала како основни средства за работа.

Осомничената си купувала долна облека во износ од 500 евра, здолништа, чанти за 38 илјади евра, шминки 1000 евра…..

Одбегнати даночни обврски во износ од 37000 евра, лично ја оштетила државата за 16929 евра.

Во предметот ,,Табла“  станува збор за  кривично дело за кое постои основано сомнение дека е извршено  од страна на директор во основно училиште во Зајас. Без да се спроведе постапка за јавна набавка, со намера правно лице да се стекне со имотна корист склучил договор во износ од 200.000 евра.

,,Триста“ е предмет на СЈО во кој е осомничен  помошник министер во МВР во период 2008-2012 кој спроведувајќи незаконска јавна набавка го оштетил буџетот за 453 илјади евра избирајќи го понудувачот кој не бил најповолен.

Исто така има основано сомневање дека со повеќе сервисиери за возилата склучил договор за нивно одржување со Порше Македонија, Кадис, Автомакедонија и други, кои не биле најповолни и ја оштетил државата за значителна сума пари.

 

 

АКО.мк