Легендарниот Франческо Тоти, фудбалска „икона“ на Рома, во изјава за медиумите во Италија потврди дека бил блиску до трансфер во Реал Мадрид.

Тоти целата своја кариера ја мина во Рома, професионлниот фудбал го напушти во 2017 година, ако го напуштел Рим и Рома изборот ќе бил еден, Реал Мадрид .

Бев на чекор од Реал Мадрид, сепак решив да останам целата своја кариера во Рома. Ако заминев од Рим, изборот ќе беше Реал, сепак тоа не можев да и го направам на Рома, мислам дека направив добар потег што останав „дома “ – изјави Тоти.