Тоше Проески денеска ќе наполнеше 36 години

На денешен ден пред 36 години е роден Тоше Проески кој пред десет години, на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Тоше има илјадници фанови кои не го забораваат 25 јануари, денот кога се роди Тоше Проески. Не само тие во Македонија, туку на целиот Балкан.

Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево.

Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никогаш“.

Во Крушево веќе пристигнаа обошувачите на музиката на Проевски и тоа од Бугарија, Србија, Русија и секако од Македонија. Сите тие уште еднаш ќе му укажат чест и почит не само на неговото музичко творештво, туку и неговите хумани дела.

Во спомен на Тоше Проески денеска ќе се одржи и панихида на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

Традиционално, по 13-ти пат во Домот на АРМ во Скопје ќе се спроведе крводарителска акција, во организација на Црвениот крст, Институтот за трансфузија и крводарителство и Тоше фан форум клубот.