Трагедија во Тетово: Во пожар настрадаа мајка и нејзините 4 деца

 

38 годишната Фатиме З. и нејзините 4 деца на возраст од 4 до 13 години, настрадаа во пожар утрината во тетовската населба Поток, потврдија од МВР и од локалната противпожарна единица.

Три машки деца и едно девојче се загушија со нивната мајка, од пожар во нивниот дом, а пламените јазици рано утрината околу 4 часот зафатиле уште неколку соседни куќи.

На местото на трагедијата се уште трае увидот.