Трамп:САД се надеваат дека наскоро ќе ја поздрават Северна Македонија како 30 членка на НАТО

По повод изборот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во писмото со честитки до претседателот Пендаровски, пишува дека денес, нашите две нации се поблиски од кога било претходно. „САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето заслужено место во западните институции и особено се надева дека ќе ја поздрави Северна Македонија наскоро како наш 30-ти сојузник во НАТО. Историскиот Договор од Преспа претставува смел и храбар пример со кој се зајакна безбедноста и просперитетот за народот на Северна Македонија и целиот регион. Заложбите на Вашата земја за демократски начела, владеење на правото, отчетност на владата и борба против корупцијата се за поздравување. Се надевам на продлабочување на пријателството и соработката во иднината“, пишува во честитката од претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.