Трамп влезе во Белата куќа

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и практично влезе во Белата куќа, откако денеска оствари средба со претседателот во заминување Барак Обама.

Со ова почна процесот на примопредавње на должноста . На почеток, Обама им посака добродојде во Белата куќа на Трамп и на неговата сопруга Меланија.

Обама порача дека без оглед на некои разлики меѓу нив, сите ќе направат се и ќе помогнат да успее овој процес.

 

Тој по двочасовната средба со неговиот наследник рече дека имале одличен разговор и дека ги опфатиле сите теми од внатрешната и надворешната политика. Додаде дека е охрабрен од изјавата на Трамп дека е подготвен да соработува со неговиот тим и затоа сите ќе дадат се од себе.

Трамп по состанокот рече дека очекува да ги добие сите потребни совети од Обама важни за извршување на оваа функција.

 

Доналд Трамп во Вашингтон долета со својот приватен авион.