Трамп ги менува непослушните и ги прогласува за предавници

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени главната државна обвинителка  Сели Јејтс која се спротистави на неговата антиимиграциска политика.

Јејтс беше вршител на должност главен државен обвинител, бидејќи Конгресот одбива да го потврди именувањето на Џеф Сешонс. Но, Трамп и покрај неименувањето на новиот обвинител предложен од него, ја смени се уште актуелната обвинителка и го именуваше за в.д. Дејн Боенти.

Сели Јејтс напиша писмо во кое објави дека како претпоставена на сите државни обвинители во Америка и раководител на американското Министерство за правда, нема намера да има издаде наредба за спроведување на наредбата на претседателот Трамп .

,,Моја задача е да обезбедам судовите да спроведуваат одлуки кои се темелат на правни норми и да бранат она што е исправно. Во овој момент не сум уверена дека одбраната на новата уредба е во согласнот со мојата работа и задача, а не сум уверена дека извршната уредба потпишана од претседателот е законска.Се додека ја вршам оваа функција, Министерството за правада нема да изнесува аргументи пред судовите во одбрана на оваа уредба, се додека не се уверам во спротивното,,-напиша во писмото Јејтс.

Веднаш по ова Доналд Трамп ја смени.

 Следуваше соопштение од Белата куќа во кое Сали Јејтс беше прогласена за предавник на интересите на Министерство за правда, а демократските конгресмени се обвинети за опструкција.

Но, новоименуваниот в.д. главен државен обвинител нема овластување да потпишува налози за следење и прислушување, така што американскиот претседател дополнително ја компликува и прави хаотична целата ситуација во Америка.

Згора на ова, Трамп го разреши и шефот на имиграциското биро и царинските служби и именуваше на неговото место свој кадар, кој исто така е в.д.
Во меѓувреме, растат тензиите и незадоволството низ САД заради контроверзните одлуки на Тармп. Стотици илјади протестираат низ улиците, додека на аеродромите е невиден хаос, предизвикан од спречувањето одредени лица со муслиманска веросиповед од државите кои се најдоа  во новата уредба да влезат во Америка иако имаат уредни визи. Секоја ваква одлука предизвикува жестоки реакции и протести во аеродромските згради.

АКО.мк,агенции