Американскиот Претседател Доналд Трамп го разреши досегашниот раководител на државната агенција УСАИД -WADE WARREN(Вејд Ворен)  и  за нов раководител го назначи  Mарк Ендрју Грин .

Од прес службата на УСАИД објавија дека ја поздравуваат намерата на Претседателот Трамп и дека со нетрпение очекуваат да работат со новиот раководител, кој исто така како и претходниот, е добро познат во тие кругови, бидејќи со години работел на разни програми на УСАИД низ светот.

Како претседател на Меѓународниот републикански институт, Марк Ендрју Грин  тесно соработувал со УСАИД на полето на демократија, човекови права, како и разни програми за управување. Тој бил  американски амбасадор во Танзанија, а ги надгледувал и  некои од најголемите програми за развој на Владата на САД. Исто така, Грин  како член на  Претставничкиот дом на САД ,  се залагал за законодавството кое го промовирало и унапредувало   глобалното здравје.

 Marc A. Green беше директор на ИРИ од 2014

 

Инаку, USAID е присутен насекаде низ светот каде е потребна помош во финансирање за земји во развој. Во Македонија делува речиси две децении, а се вложени стотици милиони долари во разни програми.

ВМРО ДПМНЕ преку свои лобисти во американскиот Конгрес, преку неколку републикански конгремени кои деновиве треба да дојдат во Македонија, бараше да се преиспита улогата на УСАИД во Македонија. Од оваа партија тврдат дека УСАИД ги финансирале невладините организации за урување на Владата на Никола Груевски.

Досегашниот прв човек на УСАИД Вејд Ворен

 

АКО.мк