Трамп е 1.000 насто со вработените во ЦИА

,,Вие сте единствени и сјајни луѓе,,-им се обрати на околу 400 вработени во ЦИА претседателот Доналд Трамп. Тој рече дека приказните за тоа дека тој ја доведува нивната работа во прашање се измислени од медиумите. Во седиштето на ЦИА во Вирџинија ги убедуваше разузнавачите дека никој нема толку силни чувства кон разузнавачката заедница како тој. Трамп го лоцираше и приоритетот на нивната работа, борба против Исламска држава.

 

Ројтерс наведува дека во 15 минутниот говор Доналд Трамп ги фалел прекумерно агентите на ЦИА, дури им се восхитувал на нивната работа, иако тој во текот на изборната кампања многу често ја критикуваше токму ЦИА заради хакираните мејлови на Хилари Клинтон и односите со Русија.