Трамп забрани влез за сите бегалци во Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе наредба со која се забранува влез за сите бегалци во САД на 4 месеци, а за сириските на неодредено време. На овој начин, според него, ќе се спречи влегување на радикални исламски терористи.

Тој изјави дека неговата администрација сака да има целосна контрола над  бегалците и посетители од некои земји за да се спречат терористички напади.

Според Трамп, овие мерки се неопходни за да может надлежните агенции да напраават строг систем на проверки.