Трамп именуваше милијардерка за секретар за образование

Новиот американски претседател Доналд Трамп ја именуваше милијардерката и филантропка од Мичиген Бетси Девос за секретарка за образование, а гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли за американска амбасадорка во ОН.

Именувањето на Девос за секретарка за образование предизвика бурни реакции во Националната асоцијација за образование, затоа што таа наводно поддржувала штетна образовна политика за децата.

 

Девос заговара добивање ваучери за школување, што претставува дискриминации и оневозмошување на еднаков пристап на сите деца до образование.