Трамп и Путин ќе се сретнат во старата Претседателска палата во Хелсинки

Самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Трамп и Путин, ќе се одржи на 16 јули во Хелсинки, а тие ќе се сретнат во жолтата стара Претседателска палата која потекнува од 19 век.

Како што пренесува АП, тоа е една од официјалните резиденции на финскиот претседател со поглед на Балтичко  море и се наоѓа во близина на плоштадот Маркет.

Според протоколот, Трамп и неговата сопруга Меланија во понеделник ќе имаат одвоени појадоци со финскиот претседател и неговата сопруга.