Трамп му напишал писмо на Ердоган во кое му вели да не биде ,,будала и опасен“

Американските медиуми го објавија писмото што го нарекуваат ,,необично“, кое претседателот Трамп му го напишал на турскиот колега, Реџеп Ердоган.

Во ова писмо со нималку дипломатски речник, Трамп го предупредува Ердоган да не биде будала и насилник, а се однесува на почетокот на турската воена офанзива во Сирија.

Белата куќа ја потврдила автентичноста на писмото, објави Си-Ен-Ен, кое било испратено на 9 октомври.

Писмото што Доналд Трамп му го испратил на Реџеп Таип Ердоган

,,Драг господине Претседател,

,Ајде да разработиме добар договор. Не сакате да бидете одговорни за масакр на илјадници луѓе, не сакате да бидете одговорни за уништување на турската економија, што јас ќе го направам. Ќе ви ги спомнам американските санкции за ослободување на пасторот Брансон.

Тоа е само мал дел од она што може да се случи.

Напорно работев за да решам некои од вашите проблеми. Немојте да го изневерите светот.Можете да направите одличен договор“- пишува Трамп и го спомнува името на курдски генерал кој е подготвен на преговори и отстапки.

,,Историјата ќе биде праведна кон Вас, ако ова го направите како што треба и човечки.

Но, ако не се случат добри работи, засекогаш ќе ве гледа како ѓавол. Немој да бидете опасно момче. Не бидете будала„- му пишува Трамп на Ердоган.

.