Трамп нареди сите амбасадори поставени од Обама да се повлечат до 20 јануари

Доналд Трамп издал наредба до 20 јануари, пред неговата инаугурација, сите амбасадори во светот поставени од Барак Обама да се повлечат од своите функции. Анонимен извор од неговиот кабинет кој ја подготвува транзицијата, за медиуми во Америка изјавил дека оваа наредба е дадена без можност за одложување.

Имено Трамп, сакал да биде сигурен дека кога ќе стапи на должност нема да има ниту еден функционер на клучна позиција во администрацијата поставен од неговиот претходник Барак Обама. Илјадници службеници ќе бидат отповикани, пишува Њујорк Тајмс. Американските медиуми се вчудовидени од оваа одлука на Трамп, бидејќи ова е сосема нов пристап кон преземање на претседателска должност досега невидена во Америка. Голема загриженост искажуваат и лидерите на земји од Европа , кои во Трамп не можат да видат сигурен политички партнер.

Сите твитер налози на светските медиуми ја пренесоа оваа наредба на Трамп.

Reuters Top NewsVerified account
‏@Reuters
Trump is ordering all ambassadors appointed by Obama to leave their post by inauguration day: http://reut.rs/2iLc2fv via @ReutersTV