Трамп не ги сака новинарите и прес конференциите

Трамп открива : Овие 6 работи ќе ги направам штом ќе влезам во Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека првиот ден по превземање на власта ќе излезе од трговскиот договор за Транспацифичкото партнерство.

– „ Побарав од својот транзициски тим да состави список на извршни активонсти кои можеме да ги преземеме уште првиот ден за да ги обновиме нашите закони и да ги вратиме назад нашите работни места “, речеТрамп во видео порака во која ги најавува приоритети во првите сто дена од власта.

“Кога станува збор за трговијата,објавувам дека иамме намера да се повлечеме од Транспацифичкото партнерство, потенцијална катастрофа за нашата земја. Наместо тоа ќе преговараме за склопување на билатерални трговски договори за да ги вратиме назад работните места и индустријата назад на амертиканско тло“,-рече новоизбраниот американски претседател најавувајќи полекување од трговскиот договор кој е потпишан во 2015 година и кој вклучува 12 земји од тоа подрачје, а во кои не е вклучена Кина.

Договорот се уште не е ратификуван, а кога би стапил на сила, би покривал 40 отсто од светската економија.Трамп во својата видео порака објавена на социјалните мрежи навел вкупно шест потези кои има намера да ги повлече за првиот ден во Белата куќа:

– Повлекување од ТПП
– укинување на рестрикцијата за прозиводство на енергенси во САД што би требало да отвори милиони работни места.
– укинување на прописите кои се однесуваат на претприемништвото и воведување на правила на секој нов пропис да се укинуваат два стари.
– нарачување на план за борба против кибернетичките напади и сите други напади
– наредба за истрага за злоупотреби на визи со кои се нанесува штета на американските работници.
– воведување на петгодишна забрана за дејствување со лобистички работи на сите кои ќе ги напуштат високите позиции во државната служба.

Инаку, тој не ја одржа традиционалната прес конференција, што предизвика силни реакции од новинарската фела. Тој нема намера да ги смени своите навики, а претпочита да се обраќа преку социјалните мрежи, наместо на прес конференции.