Трамп не одговори дали ќе признае пораз на изборите

Се одржа последната, трета дебата меѓу претседателските кандидати во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Тие меѓусебно си упатија жестоки обвинувања, а како и претходниот пат, не се ракуваа на почетокот на разговорот.

Американците сакаа да слушнат дали Трамп ќе ги прифати резултатите од изборите ако изгуби, но тој одби да одговори прецизно, само рече -ќе ви кажам кога ќе дојде време. Трамп на последните предизборни митинзи упорно повторува дека знае дека изборите се намесетени, а дека тој ќе ги изгуби.

Како никогаш во историјата на американските предиборни кампањи, се чувствуваше меѓусебно нетрпение, а Трамп ја нарече Клинтон-одвратна жена.

Една од темите беше и рускиот претседател Владимир Путин, а Хилари Клинтон ја обвини Русија за сајбер нападите и пробивањето на нејзините е-маил пораки.

– Ти си марионета, возврати Трамп , и помири се со тоа дека Путин те надигра и надмудри и рече тој на поранешната државна секретарка.

Исклучително остра дебата имаше за илегалните имигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид на границата.

Педесет и два отсто од анкетираните за СНН изјавиле дека Клинтон е победник на дебатата, а 39 проценти сметаат дека подобро се претставил кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Последната тв дебата меѓу Клинтон и Трамп се одржа во Невада, Лас Вегас, а претседателските избори ќе се одржат на 8-ми ноември.