Трамп одби да патува со известувачите од Белата Куќа

Здружението на известувачи од Белата Куќа искажаа сериозна загриженост заради одбивањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го поведе со себе во Белата Куќа новинарскиот пул, кој вообичаено известува од сите активности на претседателот и патува со него.

Известувачите се обратија со соопштение во јавноста во кое го критизираат овој потег на Трамп и бараат објаснување зошто ја прекинал праксата која е долгогодишна традиција во Америка.

 

Прекинувањето на традицијата е историски преседан, а американските граѓани на овој начин ќе останат неизвестени за сите активности на претседателот.

Известувачите побараа Доналд Трамп да дозволи новинарите да си ја работат својата работа.

Новинарскиот пул бара како и досега, тие да имаат одобрение да ја следат претседателската поворка и да имаат пристап до сите активности средби на претседателот.

Реакцијата на новинарите известувачи од Белата Куќа следуваше по нивното отстранување од средбата меѓу Трамп и Обама.