Републиканците со еуфорија го проследија говорот на претседателот Доналд Трамп.

Тој се обрати пред Конгресот во редовното годишно обраќање.

Како што известува Си-Ен-Ен, Трамп одржа говор за ,,состојбата на нацијата во двата дома на Конгресот“. Зборуваше дека сосотојбата во Америка е подобра, економијата зајакната, достоинството на нацијата на највисоко ниво.

Тој на конгресната говорница излезе во 3 часот по полноќ, еден ден пред Сенатот да го даде конечниот одговор за негово отповикување.

Трамп за првпат се најде очи во очи со претседателката на Парламентот, демократката Ненси Пелоси и одби да се ракува со неа.

Таа потоа го искина неговиот говор, откако тој ѝ го предаде на рака.

Извор: Н1, фото Ројтерс