Трамп подготвува укинување на правата на трансродните ученици?

Се очекува наскоро администрацијата на американскиот Претседател Доналд Трамп да ги поништи постојните насоки за државните училишта со кои се штитеа правата на трансродните ученици, пренесува Ројтерс, од каде тврдат дека имале увид во докумнетите и плановите за оваа одлука.

Со нацртот се поништува иницијативата на поранешниот Претседател Барак Обама со која во државните училишта имаше наредба да им се овозможи на трансордните ученици да користат тоалети според својот полов идентитет.

Се очекува нацртот да биде објавен денеска, наведуваат групите за заштита на човекови права, кои веќе оствариле контакт со новата администрација и побарале објаснувае.