Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе им дозволи влез во САД на сите оние кои ја сакаат неговата земја. Ова е најновата порака што ја упати новиот контроверзен американски претседател, откако предизвика хаос во правосудниот систем и на аеродромите во Америка со декретотот што го потпиша за забрана за влез на муслимани од 7 земји во светот.
Тој претстојуваше во штабот на американската Централна команда каде пред воените старешини и војниците рече дека силно го подршува НАТО.
Тој беше на ручек со персоналот на воената база на Флорида, и во текот на разговорите со воениот персонал, како што известуваат американските медиуми, ниту еднаш не ги спомнал своите претходни одлуки и ставови околу забрана за влез во Америка и застареност на НАТО структурата и неговата излишност во светот.
Напротив, тој зборувал дека мора да се направат добри програми за прифаќање на луѓето што ја сакаат Америка, а дека НАТО ја има неговата силна поддршка.
АКО.мк,агенции