,,Истите луѓе кои ги направија телефонските изборни анкети и погрешија, сега спроведуваат анкети за популарност. Наместени се како и претходните’ – напиша на својот Твитер налог новозибараниот американски претседател Доналд Трамп. Оваа негова лута реакција следуваше веднаш по објавувањето на најновите анкети кои покажуваат дека Трамп е се понепопуларен, а ги објавија Еј-би-си и Вашуингтон Пост.

Според анкетата, само 40 проценти од американците го одобруваат начинот на кој ја спроведува транзицијата во Белата куќа. За разлика од него во време на примопредавањето на должностите, Обама имаше поддршка од 80 насто од американците, Џорџ Буш 72, а Бил Клинтон дури 81 процент.

Сличен број граѓани ги поддржуваат неговите кадровски решенија во администрацијата, неговите 4 претходници имаа 60 процентна поддршка.

Ист процент, околу 40 процентио анкетирани рекле дека го гледаат Трамп како поволен претседател, што е најмала популарност на американски претседател од 1977 година.