Трамп ќе го реализира ветувањето за стопирање на влез за мигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го потпише указот со кој ќе се ограничи влегувањето и издавање визи за одредени мигранти на територија на САД. Станува збор за Сиријци, Ирачани, Либијци иу ште од некои земји во Африка. Тој овој потег го правда со подигнување на националнта сигурност, како и исполнување на дадените ветувања. Експертите за мигрантски прашања коментираат дека оваа одлука ќе значи стоп за влез во Америка на 120 дена за сите мигранти. Се најавува дека исклучок најверојатно ќе бидат само прогонетите врз верска основа.Трамп најавил дека ќе одобри изградба на ѕид на границата со Мексико.