Трамп ќе формира ,,вселенска војска”

Американскиот претседател Доналд Трамп објави создавање на шести вид вооружени сили – вселенски, кои нема да се зависни од воздухопловните.
– Судбината надвор од Земјата не е само прашање на национален идентитет, но и на национална безбедност- рече Трамп на состанокот на Националниот вселенски совет во Белата куќа.
Тој нагласи дека не е доволно само да се има американско присуство во вселената.
– Треба да имаме американска супериорност во неа- изјави Трамп, наредувајќи му на Министерството за одбрана да создаде нов вид вооружени сили.
Во својот говор Трамп истакна дека Владата би сакала да испрати повторно американски астронаути на Месечината (минатата година тој потпиша наредба за тоа) и е подготвена да работи со растечката приватна вселенска индустрија.
Претседателот, исто така, рече дека ќе потпише директива за создавање на рамка за „управување со вселенскиот сообраќај” за справување со преоптовареност во орбитата , бидејќи според него сегашните прописи се застарени.