Трамп ѝ се обрати на нацијата пред заминувањето во болница(видео)

На нозе и без маска на лицето, американскиот претседател од Белата Куќа ѝ се обрати на американската нација пред да замине во болница.

,,Ви благодарам за неверојатната поддршка. Одам во болница, мислам дека оди на добро и дека ќе биде сѐ во ред. Првата дама е многу добро. Ви благодарам многу, ја ценам вашата поддршка и никогаш нема да го заборавам тоа“-рече претседателот Трамп и видеото го објави на Твитер.

Во соопштението на Белата Куќа се наведува дека Трамп почнал да го прима лекот Ремдесивир, пренесува Ројтерс.

Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на Ковид 19.