Вчера во Солун на фудбалскиот натпревар меѓу ПАОК и Спартак Москва за квалификации за Лига на шампиони, навивачите на грчкиот тим поставија огромен транспарент на ударно место со политичка порака и никој не реагираше. Транспарентот ,,Македонија е една и единствена и e тука “, стоеше за време на целиот натпревар.

Павлос Воскопулос, активист за правата на Македонците во Грција, упати барање и порака и до министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција, но и до ФИФА и УЕФА.

Тој ги повика согласно своите надлежности да ја осудат оваа провокација, а фудбалските асоцијации и соодветно да го казнат клубот од Солун.

,,Се надевам дека УЕФА нема да има двојни стандарди“-порачува Воскопулос.