Трајанов: Не се плашам,режимот ќе падне

-Сигурен сум дека во Кочани веќе никој не се плаши од режимот. И јас не се плашам. Не се плашев ни во 1991 год. Кога раководев со единствената вооружена сила и кога без испукан куршум ја испративме ЈНА. Не се плашам ни од Груевски и неговата разулавена банда. Ќе им кажеме марш од власта и ќе ги испратиме во бизнис центарот во Идризово. Од државава се изнесени околу 30 милијарди евра. Ако не ги вратиме сите, ќе вратиме 6 кои нема да ги оставиме во буџетот, туку ќе им ги поделиме лично на граѓаните.Тие што се разочарани од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, нека гласаат за оваа коалиција. Ме среќаваат полицајци и ми се жалат од патртизацијата и уништувањето на МВР. Ме потсетија на времето кога бев министер како им ги зголемив платите и редовно им се исплаќаа сите додатоци – рече Трајанов.

Носителот на изборната листа на коалицијата во ИЕ 4- Слободан Богоески додаде дека во овие 25 години ЕУ и НАТО станаа само обична порака за партиите.

-Режимот не го слуша народот. Отиде на клиники, зашто не може да слуша за потребите на граѓаните. Тоа што го гледавме воизминативе 25 години се претвори во систем што ни комунистите не можеа да го направат. Убаво пишува во извештајот на Прибе. Треба да ги сработиме домашните задачи. Сетете се како се живееше до 90 тите. Сега во се сме уназадени. Од земјоделие до човекови права. Добивме држава со сиромашни граѓани и богат државен апарат. Затоа се залагаме за враќање на правото и правадата. Тиранијата на Груевски и фамилијата веќе не можат да јас истрпат ни во ВМРО-ДПМНЕ -рече Богоески.

Носителката на изборната листа во третата изборна единица Весна Стоименовска, пред кочанчани вети итни економски мерки за младите да останат тука, а оние кои веќе заминале да имаат за што да се вратат.