Еве како изгледа македонскиот Парламент по бруталното насилство на разбеснетите насилници организирани од ВМРО ДПМНЕ и од протагонистите на ,,За заедничка Македонија“ . Неодамна реновираното Собрание за што се потрошени 11 милиони евра е целосно уништено пред налетот на паравоените формации кои беа неодамна формирани од ВМРО ДПМНЕ.

Трајко Вељановски сега треба да одговори колкава е штетата? Колку тоа ќе го чини граѓаните на РМ?

,,Со Шарената револуција, два пати беше оштетен овој законодавен дом. Првиот пат се плати штета од 600.000 денари, вториот пат од 1 милион 200 денари кои ги платија граѓаните на Република Македонија, беше одговорот на Трајко Вељаноски до пратеникот од СДСМ Павле Богоевски, инаку претходно дел од таканаречената Шарена револуција“-цитираа неодамна медиумите.

Колкава е штетата сега, Трајко Вељановски?

  

  

По она што го видовме изминатото деноноќие, Шарената револуција беше уметнички перформанс, Трајко Вељановски.

Емилија Лазаревска