Трајко Вељановски се налути и ја прекина седницата

,,Не ви доликува така да се изразувате, не довикувајте, како не ви е срам со тие зборови да се изразувате. Јас ли сум пучист?“ -му се обрати Трајко Вељановски на пратеникот Енeс Ибрахим кој од место довикуваше и негодуваше затоа што Вељановски одбива да ја стави на гласање точката за избор на претседател на Собрание на предлог на Оливер Спасовски поддржан од 10 пратеници.

Имено, Оливер Спасовски од собраниска говорница рече дека вчера побарале да продолжат со работа после 18 часот со подршка од 61 пратеник. Вие како претседавач најверојатно се повикавте на логиката дека претседателот на Собранието може да одлучи дали и колку ќе ја продолжи расправата па не прифативте,рече Спасовски.

– Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинеме расправата по оваа точка и да се премине на четвртата точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието – рече Спасовски.

Ова секако беше одбиено од Вељановски, а потоа навреден ја прекина седницата.